Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан рекол дека неговите играчи добро ќе ги искористат деновите за одмор пред осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Манчестер сити. „Граѓаните“ со предност од 2:1 ќе го пречекаат Реал на 7 август.
Реал сезоната во Шпанија ја заврши со шампионската титула, планот на Зидан е да го нападне трофејот во Лигата на шампионите.
„Нашите амбиции се познати, секако дека сакаме да го победиме Манчестер сити, секако е дека сакаме да одиме до крај во Лигата на шампионите. Сега ни следуваат неколку дена пауза за да ја вратиме силата за она што не чека. Не се грижам околу тоа дали играчите неподготвени ќе се вратат по кратката пауза, тие се професионалци. Знам дека им е потребно да се релаксираат, за да можат да се подготват пота за новите предизвици. Прв од нив е Манчестер сити“, рекол Зидан.
> Зидан: Нашите амбиции се јасни <