Утрински Весник
Спорт

Зидан е соочен со отказ, ќе го наследи клупската легенда

Зидан е соочен со отказ, ќе го наследи клупската легенда

Двата порази во Мадрид, што ги забележаа фудбалерите на Реал од Кадиз и Шахтјор, сериозно ги разнишаа позициите на тренерот Зинедин Зидан. Францускиот тренер ја прифати одговорноста за поразите, а шпанските медуми тврдат дека наредните две средби ќе бидат клучни за неговата иднина.

Реал, во сабота ќе гостува во Барселона, а потоа наредниот вторник патува во Менхенгладбах. Првиот човек на клубот, Флорентино Перез, побарал победи на овие натпревари, во спротивно Зидан ќе остане без работа.

Шпанските медиуми дат толку далеку во своите тврдења што веќе го знаат и името на човекот кој треба да го наследи Зидан.

Перез за тренерската функција го подготвувал Раул Гонзалес Балнко. Легендата на Реал кој за 16 години одиграл 550 натпревари и постигнал 228 голови, во моментов е тренер на вториот тим на Реал, Кастиља.

> Зидан е соочен со отказ, ќе го наследи клупската легенда <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027