Флорентино Перез му понудил нов договор на Зинедин Зидан. „Ел Конфиденсијал“, тврди дека, првиот човек на Реал, на најуспешниот тренер на Реал во последната деценија, по понудил договор до 2024 година.
Според овој извор, Зидан доколку го продолжи договорот ќе добие и поголеми овластувања. Перез му ветил на Зидан дека ќе има поголемо влијание околу трансферите и дека тој ќе се прашува за сите работи кои се поврзани со тимот.
Перез се решил на ваков чекор, бидејќи сметал дека Зидан е човекот што може да го убеди Килијан Мбапе да се пресели во Мадрид.
Актуелниот договор на Зидан со Реал истекува во јуни 2022 година.
> Зидан добил понуда за нов договор <