Утрински Весник
Македонија

Зибери ги посети Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема и Мала Речица

Зибери ги посети Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема и Мала Речица

Денес, кандидатот за премиер, Насер Зибери, со караванот „Оствари го сонот “ го продолжи своето патување со посета на општина Теарце, продолжувајќи понатаму во Порој, Челопек, Жеровјане, Kамењане, Голема Речица и Мала Речица.

Зибери разговараше со граѓаните од овој регион за предизвиците со кои се соочуваат, презентирајќи ги своите планови, заложби и идеи за иднината на овој регион, а исто така граѓаните имаа можност да добијат и одговори на прашањата кои ги засегаат во секојдневниот живот.

Зибери со неговите соговорници дискутираше и за неговите заложби за првите 100 дена од неговиот мандат, за важноста на ова патување, откривајќи ја идејата за првиот премиер Албанец, што претставува моќен симбол за еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите. Зибери од жителите на овој регион побара поддршка за оваа идеја не само од албанските граѓани, туку и од Македонците и другите етнички заедници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!