Утрински Весник
Македонија

Зибери: Во Скопје активни 659 случаи, најмногу во Чаир – 169

Зибери: Во Скопје активни 659 случаи, најмногу во Чаир – 169

Скопје, 8 јуни 2010 (МИА) – Во Скопје во моментов активни се 659 случаи на коронавирус, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

Тој рече дека најголем број активни случаи има во Општина Чаир – 169, во Бутел – 63, во Гази Баба – 61, во Аеродром – 57, во Сарај – 56, во Карпош – 45, во Кисела Вода – 35, во Арачиново – 23, во Студеничани – 19, во Илинден – 18, во Ѓорче Петров – 20, во Шуто Оризари – 17, во Петровец – 6, во Чучер Сандево – 3, во Сопиште – 2, а во Општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран.

Од вкупната бројка на заболени во Скопје, како што рече Зибери, се регистрирани 1.332 случаи и 40 починати.

-Од сите активни случаи на територија на Скопје, многу важно е да се напомене дека 60 отсто од заболените, односно 360 лица се асимптоматски носители на вирусот, рече Зибери.

Додаде дека прават скрининг во градинки и домови за стари лица, каде што биле регистрирани неколку случаи.

Зибери апелираше да се почитуваат мерките, бидејќи само на тој начин ќе излеземе од оваа ситуација. дма/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Владата ја носи одлуката за почесен конзул

Кривична против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите