Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЗЗРП: Парите за новогодишно украсување да се пренеманет за инвестиции во здравството

ЗЗРП: Парите за новогодишно украсување да се пренеманет за инвестиции во здравството
300x250 opst2

Во ситуација кога голем дел од јавните здравствени институции работат без основните средства неопходни за нормално пружење на здравствена заштита, а друга страна коронавирусот секојдневно зема загрижувачки број животи, бараме и инститираме градот Скопје и сите други поголеми градови и општини, средствата кои во буџетот ги намениле за новогодишно украсување да ги пренаменат и да ги инвестираат во опрема за јавните здравствени установи, велат од Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП).

„Трошење на средства за новогодишни декорации во услови на пандемија и здравствена криза е непотребно. Анализите покажуваат дека секојдневно губиме млади животи како резултат на несоодветна здравствена грижа и недоволно опрема во јавните здравствени установи. Бараме итно локалната самоуправа да ги стопира сите постапки за јавна набавка и средствата веднаш да бидат пренаменети за здравството“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека според пресметките, со средства кои градот Скопје планира да ги потроши на новогодишни декорации, може да се набават околу 20 болнички возила кои решаваат сериозен и значаен проблем во здравството.

„Потребна е итна акција и делување веднаш. Ги повикуваме членовите на локалните општински совети на првата наредна седница да го постават ова прашање како тема за одлучување и уште веднаш да донесат одлука за пренамена на овие средства“, порачуваат од ЗЗРП, а Владата и ресорните министерства ги повикуваат да ги преземат сите законски можности со цел спречување на, како што велат, непотребно трошење на средства.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?