Утрински Весник
Свет

Земјотрес утрово во Хрватска

Земјотрес утрово во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 6 часот и 28 минути кај Глина, соопшти Хрватската сеизмолошка служба.

Епицентарот на земјотресот бил под Долна Трстеница, 11 километри северозападно од Глина, 23 километри североисточно од Карловац и 33 километри јужно од Загреб.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Можете да прочитате

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата

Жесток ирански напад врз Тел Авив

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров