Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди Алжир

Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди Алжир

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Алжир, во кој за среќа никој не е повреден, соопшти Службата за цивилна заштита.

Земјотресот уништил три куќи, меѓу кои и вила на четири ката, додека 31 станови се оштетени, а луѓето излегле на улиците во паника, пренесе Ројтерс.

Земјотресот бил проследен со последователен земјотрес со јачина од 4,5 степени.

Земјотресот ја погоди провинцијата Мила, на околу 350 километри источно од главниот град на Алжир. Земјотресот предизвикал оштетување на патиштата, кои се затворени за сообраќај.

Во земјотресот со јачина од 6,7 степени кој се погоди Алжир во 2003 година загинаа 2.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Му благодарам на Трамп за можноста да го заштити Киев за време на екстремната зима

Иран ја предупреди ЕУ: Одлуката за ИРГЦ како терористичка организација ќе има последици

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела