Утрински Весник
Македонија

Земјите од Балканот се договорија за изработка на протокол за отворање на границите

Земјите од Балканот се договорија за изработка на протокол за отворање на границите
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на видео конференција на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“.

На видео конференцијата која ја иницираше Филипче, учесниците информирале за состојбата со коронавирусот во своите земји, предизвиците со почетокот на учебната година, подготовките на системот за наесен и процесот за набавка на вакцината.

Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од регионот, македонскиот министер посочил дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите, како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот, на што се сложиле и останатите учесници на конференцијата.

Филипче исто така нагласил дека Македонија е заинтересирана за набавка на вакцина и дека, освен што е дел од Ковакс програмата на СЗО, земјата добила понуда од полскиот амбасадор да купи количина од Полска од вакцината на „Астра Зенека“.

Врз основа на кажаното, на состанокот е договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видео конференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи, најдоцна, за две недели.

На денештната конференција учество земаа министрите за здравство на Албанија, Огерта Манастарлиу; на Грција, Василеиос Кикилиас; на Република Српска, Ален Шераниќ и на Косово, Арменд Земај, како и заменик министерот за здравство на Босна и Херцеговина, Горан Черкез, Данијела Урошевиќ, Асистент на министер за интернационална соработка и европски интеграции и Верица Јовановиќ директор на Институтот за јавно здравје од Србија, како и Ангел Кунчев од Бугарија– директор на здравствениот иснпекторат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турција и Балканот: стабилност, а не закана 

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори