Утрински Весник
Свет

Земај: Нема олеснување на мерките во наредните денови

Во Косово уште 187 заразени со коронавирус

Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај изјави дека мерките за борба против ширењето на епидемијата на Ковид-19 во земјата нема да се олеснуваат во наредните неколку недели.

По седницата на Комитетот за координација за проценка на состојбата со Ковид-19, Земај рече дека мерките мора да останат на сила поради деликатноста на состојбата пред почетокот на школската година, што е најавено за 14 септември.

„ Свесни сме дека притисокот за отворање на одредени дејности е во постојан пораст, посебно кај некои од бизнисите, но со оглед дека сме во деликатна фаза на прагот на почетокот на школската година потребно ни е да продолжиме да ја спуштаме кривата на заразени и смртни случаи, така што барем во наредните денови или месеци мораме да ги задржиме постоечките мерки“, изјави Земај.

Според официјалните статистики, вклучително со вчерашниот ден, во Косово се забележани 13.910 заразени од вирусот, од кои 551 починале, а 10.300 се излекувани. Активни се 3.059 случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна хотел во Германија, има мртви и затрупани под урнатините

Вашингтон Пост: Израел предизвикал гнев во Белата куќа откако соопштил дека го ликвидирал Ханија

Блинкен: Синвар е клучен за примирјето во Газа