Утрински Весник
Економија

Зелен коридор во ЦЕФТА регионот за камиони со храна и медицинска опрема

Извозот во првите осум месеци со раст од 7,3 отсто

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Директорите на царините од  ЦЕФТА регионот попладне преку видео конференција треба да договорат воспоставување т.н. зелен коридор со приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицинска опрема и материјали, информира денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

На состанок во Министерството за економија денеска се расправаше за барањето на прехранбениот и реалниот сектор за овозможување слободен проток во ЦЕФТА регионот и  во внатрешноста на Европската унија, а по затворањеѕо на границите и ограничувањата за транспортот поради состојбата со коронавирусот.

Веруваме, итакна Танасоски,  дека многу бргу ќе се воспостави тој слободен промет што има значително влијание на ослободување на притисокот  на производствените капацитети.

Танасоски нагласи капацитетите на нашата Царина се на располагање за максимален проток на стоката. Очекува во наредните денови да се надмине проблемот со епидемиолошките услови што треба да ги исполнат возачите при транзитирање, а со тоа и компаниите слободно да ги планират набавките.

– Како Царинска управа  заедно со министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи и останатите надлежни институции  сме во постојан контакт со директорите  на царинските управи од земјите во ЦЕФТА и надлежните во ЕУ. Можам да потврдам дека нашите  капацитети се на располагање да овозможоме максимален проток на стоката. Она што е главен проблем за компаниите е транспортот односно епидемиолошките услови што требада се задоволат за возачите кои влегуваат и излегуваат од нашата држава  и кои доаѓаат од кризните подрачја. Од вчера се овозможи преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат да се издаваат дозволи со што изјавите што ги потпишуваат возачите за влез во државата за карантин се прогласуваат за ништовни, доколку имаат ваква дозвола за излез од државата.  Веруваме дека во голема мерка со ова во наредните денови ќе се воспостави оваа рутина ќе може слободно компаниите да ги планираат  своите набавки, камионите слободно да транзитират и да излегуваат и влегуваат на подрачјето на Република Северна Македонија, изјави Танасокси.

Како Царинска управа, дополни, излегуваме максимално во пресрет и на другите компании во контекст на ослободување и предлагање анализа и во однос на автономните мерки и то треба да биде земено првично во превдид. попладне има однос на автономните мерки. лв/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија