Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украина има потенцијал да им нанесе големи загуби на Русите

Dik 300x250 mk

Украина има потенцијал да и нанесе големи загуби на Русија и да напредува на бојното поле, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи во видео обраќање доцна синоќа по состанокот со високи воени команданти, тој изјавил дека интензитетот на нападите против Русите мора да се засили.

„Разговаравме за моменталната ситуација на линијата на фронтот околу Украина. Имаме дефинирано задачи во некои тактички области за да ги зајакнеме нашите позиции. Исто така, темелно го разработивме прашањето за снабдување на војниците со модерно оружје – интензитетот на нападот на непријателот допрва треба да се зголемува“, посочи тој.

Изјавил дека учесниците на состанокот се согласиле дека Украина има потенцијал да напредува на фронтот и да им нанесе нови значителни загуби на окупаторите.

Киев се надева дека западното оружје, особено ракетите со долг дострел, ќе и овозможат на Украина да започне контранапад и да ја врати територијата.

„Секој од руските напади е аргумент за Украина да добие повеќе модерно и ефективно оружје. Секој од овие напади само ја зајакнува нашата желба да ги победиме напаѓачите и тоа сигурно ќе се случи“, рекол Зеленски.

Можете да прочитате

Политико: Унгарија, Чешка и Словачка сакаат да формираат сојуз на скептици кон Украина

Лавров: Европа се подготвува за војна

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI