Утрински Весник
Свет

Зеленски: Турција забрани влез на руски бродови во Црното Море

Зеленски: Турција забрани влез на руски бродови во Црното Море

Претседателите на Украина и Турција, Володимир Зеленски и Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараа. Зеленски објави дека Турција им забранила на руски воени бродови да влегуваат во Црното Море. Но веднаш по неговата изјава стигна демант. Шефот на турската канцеларија за Блискиот Исток рече дека таква одлука се уште не е донесена.

„Им благодарам на мојот пријател турскиот претседател Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка на Украина се исклучително важни денес. Народот на Украина никогаш нема да го заборави тоа“, изјави Зеленски.

Во соопштението од Канцеларијата за комуникации на турското претседателство се вели дека Ердоган и Зеленски разговарале за нападот на Русија врз Украина и за најновите случувања. Рагиб Сојлу рече дека претпоставува дека Зеленски твитнал Турција да го стори тоа, но рече дека таква одлука сè уште не е донесена.

За време на разговорите, Ердоган изрази сочувство до граѓаните на Украина кои ги загубија животите во рускиот напад, а на ранетите им посака брзо закрепнување.

Ердоган рече дека се обидуваат да прогласат прекин на огнот што е можно поскоро за Украина да не претрпи дополнителни штети и да спречат дополнителни загуби на животи.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император