Утрински Весник
Свет

Зеленски: Сите што ги гранатираат градовите во Украина ќе бидат пронајдени

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека ќе бидат пронајдени сите руски војници кои учествувале во гранатирањето на украинските градови.

dobivaj vesti na viber

Во видео-обраќање, откако Киев објави дека 15 лица загинале во гранатирањето на станбена зграда во регионот на Доњецк, Зеленски рече дека секој кој наредува такви напади и секој што ги извршува, апсолутно свесно убива, пишуваат медиумите.

Тој нагласи дека ќе бидат пронајдени сите кои го извршиле тој и други ракетни напади врз градовите во Украина, пренесува Интерфакс Украина.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД