Утрински Весник
Свет

Зеленски: Руските сили ги напуштаат минираните области

Зеленски: Руските сили ги напуштаат минираните области

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските трупи за намерно бомбардирање на области во северна Украина додека украинските сили се повлекуваат или ги потиснуваат.

Украина соопшти дека нејзините сили ја вратиле контролата врз повеќе од 30 градови и села во регионот на Киев откако Русија оваа недела објави дека ќе ги намали операциите околу главниот град за да се фокусира на освојување на истокот.

– На северот од нашата земја, напаѓачите си заминуваат. Бавно е, но забележливо. На некои места се исфрлаат со борби. На друго место сами си ги напуштаат позициите – рече Зеленски.

Обраќајќи се преку видео, Зеленски рече и дека Русите ја поткопуваат оваа територија.

-Минирани се куќи, минирана е опрема, дури и трупови – додаде тој.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон