Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија сака да ме убие, јас сум цел број еден

Зеленски: Русија сака да ме убие, јас сум цел број еден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти руски диверзантски групи влегле во главниот град на Украина, Киев.

Во видео изјавата што ја даде доцна во четвртокот, Зеленски рече:

– Според нашите информации, непријателот ме означи како цел број 1, моето семејство како цел број 2.

Сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата.

Имаме информации дека непријателски диверзантски групи влегле во Киев.

Останувам во седиштето на Владата заедно со другите – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија