Утрински Весник
Свет

Зеленски разговараше со Ердоган: „Тоа ги зајакнува вооружените сили“

Зеленски разговараше со Ердоган: „Тоа ги зајакнува вооружените сили“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој оцени дека билатералните врски ги зајакнуваат вооружените сили на двете земји.

Украина купи и распореди турски беспилотни летала во војната против силите поддржани од Русија во регионот на Донбас, што ја налути Москва, но најновите движења на руските војници на границата со Украина предизвикаа загриженост на Западот, пренесуваaт агенциите.

Зеленски на својот Твитер профил напиша дека партнерството со Турција се продлабочува.

„Тоа ги зајакнува вооружените сили на нашите две земји“, оцени украинскиот претседател.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма