Утрински Весник
Свет

Зеленски: Путин би можел да употреби нуклеарно оружје

Зеленски: Путин би можел да употреби нуклеарно оружје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека сите земји во светот треба да бидат подготвени за можноста рускиот претседател Владимир Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје во војната против Украина.

Во интервју за Си-Ен-Ен од кабинетот на претседателот во Киев, Зеленски рече дека Путин може да се сврти кон нуклеарно или хемиско оружје, бидејќи не ги цени животите на народот на Украина.

„ Не само јас, целиот свет, сите земји мора да бидеме загрижени бидејќи тоа не може да биде реална информација, но може да биде вистина. Не треба да се плашиме, туку да бидеме подготвени“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Зеленски во Давос упати жестока критика за европските лидери 

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов