Утрински Весник
Свет

Зеленски по разговорот со Бајден: САД ќе нè чуваат од руската агресија

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по вчерашните разговори со американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека неговиот американски колега го уверил оти Вашингтон нема да ја напушти Украина пред „руската агресија“.

„Разговаравме за ситуацијата во Донбас, во источна Украина. Претседателот Бајден ме увери дека Украина никогаш нема да остане на цедило пред руската агресија“, рече Зеленски за време на обраќањето на украинската телевизија.

Бајден и Зеленски разговарале по телефон околу 50 минути, а Зеленски исто така потенцирал дека САД се клучен партнер на Украина, објави „Ројтерс“.

„Ние стоиме рамо до рамо со Соединетите држави кога станува збор за зачувување на демократијата. Американското партнерство е клучно за Украинците“, објави украинскиот претседател на „Твитер“.

Можете да прочитате

11годипно дете во САД го убило татко му затоа што му го зел Нинтендото

Зошто Гренланд е дански? – 24info.mk

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции