Утрински Весник
Свет

Зеленски: Не добивме официјално барање за посета од германскиот претседател

Зеленски: Не добивме официјално барање за посета од германскиот претседател
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не добил официјално барање од Берлин за посета на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер.

– Ниту јас како претседател, ниту нашата канцеларија не добивме официјално барање од германскиот претседател или од кабинетот на германскиот претседател во врска со таа посета на Украина. Ние сме слободна земја. Можеме да си дозволиме да бидеме меѓу оние кои вистински не поддржуваат, да бидеме меѓу вистинските пријатели – рече Зеленски.

Штајнмаер во вторникот изјави дека сака да оди во Киев заедно со шефовите на балтичките држави и со полскиот претседател, но дека тие не сакаат да го примат во Киев.

Инаку, последните недели беа мета на критики поради односите со Русија.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа