Утрински Весник
Свет

Зеленски: Немаме намера да одговараме на руските провокации

Зеленски: Немаме намера да одговараме на руските провокации
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја повика Европската унија да остане обединета против Русија, за време на разговорите со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и по контроверзните изјави на германските претставници. Зеленски им се заблагодари на Мишел и на националните лидери на ЕУ за нивната солидарност и поддршка за време на конфликт и тензии со Русија.

„Тој нагласи дека за Украина е важно да го зачува единството на сите земји-членки на ЕУ во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, поради потенцијалната руска инвазија“, се вели во соопштението на украинското претседателство.

„Украина нема да попушти пред провокациите, напротив, ќе ја задржи својата присебност заедно со своите партнери“, додал Зеленски.

„Благодарен сум вам, господине претседателе на Европскиот совет и на лидерите на земјите од ЕУ, чии дипломати остануваат во нашата земја и нè поддржуваат со нивната работа“, му рекол Зеленски на Мишел во телефонскиот разговор.

Тој исто така посочил дека Украина нема намера да одговара на руските провокации.

Москва уште еднаш го обвини Киев дека подготвува офанзива против проруските сепаратисти на истокот на земјата.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан