Утрински Весник
Свет

Зеленски: Нашата желба за преговори паѓа со секое ново злосторство

Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека на Киев му снемува терпение за преговори со Русија, со оглед на зголемените докази за руските воени злосторства во Украина.

– Подготвени сме за преговори, додека не биде доцна. Со секоја нова Буча, со секој нов Мариупол, со секој нов град во кој беа убиени десетици луѓе, случаи на силување, со секое ново злосторство, желбата и шансата за преговори исчезнуваат, исто како што веројатноста за решавање на конфликтот преку дипломатија – рече Зеленски, пренесуваат медиумите.

Украинскиот претседател ја изрази решеноста на Киев да победи во војната и да ги врати назад сите територии што и припаѓаат на Украина.

Тој повтори дека Украина сака и мора да се приклучи на Европската унија и ги повика лидерите на ЕУ да го забрзаат процесот.

– Украина само ќе ги зајакне другите членки на ЕУ, нашата армија ги покажа своите способности. Нашиот народ се докажа – рече Зеленски.

Зеленски на Фејсбук објави неколку нови фотографии од Укарина со порака:

– Веќе постигнавме историски резултат, бидејќи на целиот слободен свет му е јасно дека Украина е добра страна во оваа војна. Ќе загуби и Русија, бидејќи злото секогаш губи – напиша Зеленски.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан