Утрински Весник
Свет

Зеленски: Нашата војска може да го одбие секој руски напад

Зеленски: Нашата војска може да го одбие секој руски напад

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска, по повод Денот на вооружените сили, изјави дека украинските вооружени сили можат да го одбијат секој руски напад.

„Припадниците на вооружените сили на Украина ќе продолжат да ја исполнуваат својата најважна мисија – да ја бранат слободата и суверенитетот на државата од рускиот агресор“, рече Зеленски во изјавата.

„Украинската армија верува во сопствената сила и може да спречи каков било план за освојување од страна на непријателот“, додаде тој.

Русија собира големи воени сили во близина на границата со Украина, но ги отфрла обвинувањата дека подготвува офанзива.

Украина денеска ја одбележува 30-годишнината од основањето на независна армија, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

По тој повод во Киев, Лавов и Одеса на јавноста ќе и бидат претставени американски воени возила „Хамви“. Во Одеса ќе се одржи свечено предавање на неодамна испорачаните патролни бродови на американската крајбрежна стража, што ќе ги зајакнат капацитетите на украинската воена морнарица.

Украина го повикува НАТО да го забрза нејзиното пристапување, но лидерите на НАТО прво бараат реформи и сузбивање на корупцијата.

Москва го предупредува Западот да не ги преминува црвените линии и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури