Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Зеленски го смени шефот за контраразузнавање, украинската безбедносна служба истражува можен пуч

Зеленски го смени шефот за контраразузнавање, украинската безбедносна служба истражува можен пуч
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени Александар Руснак, шефот на одделот за контраразузнавање на Службата за безбедност и тоа го објави на веб-страницата.

Во указот потпишан од Зеленски не се споменува причината за неговата смена, пренесуваат агенциите.

Руснак ја презеде функцијата шеф за контраразузнавање во септември 2019 година.

Украинската служба за безбедност најави истрага за подготовка на евентуален државен удар планиран од група Украинци и Руси.

„Главната истражна единица на украинската безбедносна служба спроведува предкриминална истрага и можна акција за преземање на власта се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Службата за безбедност на Украина, пишуваат агенциите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот петок изјави дека бил предупреден да се подготви за државен удар на 1 декември .

Зеленски рече дека слушнал аудио снимка на која некои Украинци и Руси зборуваат за планиран државен удар.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот