Утрински Весник
Свет

Зеленски ги посети војниците во Харков – прва негова појава надвор од Киев од почетокот на инвазијата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги посети украинските војници на фронтот во североисточниот украински регион Харков, соопштија од кабинетот на претседателот на Украина.

Оваа посета го претставува неговото прво официјално појавување надвор од областа Киев од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, објави Ројтерс.

„Ги ризикувате животите за сите нас и за нашата земја“, им порача Зеленски на војниците, на кои им се заблагодари и им подари подароци.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата