Утрински Весник
Свет

Зеленски ги посети војниците во источна Украина: „Се гордеам со вашето херојство“

Зеленски ги посети војниците во источна Украина: „Се гордеам со вашето херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети бојното поле каде се случуваат судири со проруските сепаратисти, а беше поддржан од Берлин, од каде побараа од Кремљ да го намали своето воено присуство во близина на украинските граници.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вчера во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара повлекување на руските трупи, на што Москва не одговори.

Путин, пак, тврди дека Киев провоцира со цел намерно да ја влоши ситуацијата на бојното поле.

Украинскиот претседател Зеленски ги посети војниците во регионот Луганск, каде што судирите продолжуваат, што се гледа и на снимки објавено од украинското претседателство.

„Ситуацијата во Донбас се влошува“, изјави Зеленски, гарантирајќи дека украинската армија ќе одговори на снајперскиот оган.

„Чест ми е што сум тука“, додаде укараинскиот лидер, врачувајќи им медали на војниците и фалејќи го херојството на оние кои ги штитат границите на Украина.

Киев и западните земји ја критикуваа Москва во изминатите денови за трупањето вооружени сили на украинската граница и на Крим, додека во Украина во тек се речиси секојдневни вооружени судири со проруските сепаратисти.

Во четвртокот, уште еден украински војник им подлегна на повредите. Од почетокот на годинава, 26 војници се убиени, рече Зеленски, а во 2020 година, според претседателството, Украина изгубила 50 војници во конфликтот.

Високиот функционер на Кремљ, Дмитриј Козак, вчера изјави дека во одредени околности Русија може да биде принудена да ги брани своите граѓани во источна Украина, додавајќи дека голем воен конфликт може да го означи почеток на крајот на Украина како држава, пренесе аганцијата ТАСС.

Можете да прочитате

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан