Утрински Весник
Свет

Зеленски: Во Киев работат амбасади на 37 земји, ви благодарам на сите

Амбасадите на 37 земји продолжуваат со работа во Киев, главниот град на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленский.

– Триесет и седум странски мисии веќе ја продолжија својата работа во Киев. Благодарен сум им на сите – рече украинскиот претседател во видео обраќањето објавено на неговиот канал Телеграм, пренесува ТАС.

Тој изјави дека е убеден оти наскоро во Киев ќе се вратат и другите дипломатски претставништва.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада