Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ако на украинските војници им се суди во Мариупол, нема да има преговори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека доколку има судење на украинските војници кои беа заробени од руските сили во Мариупол, какви било преговори со Русија ќе станат невозможни.

dobivaj vesti na viber

„Русија ќе се исклучи од преговорите во случајот на судењето на украинските војници во Мариупол“, рече Зеленски во видео обраќање, пренесува Интерфакс Украина.

Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да толерира „малтретман на луѓе за кои може да се каже само дека се херои на својата татковина и бранители на слободата на нивниот народ од напаѓачите“.

Можете да прочитате

Италија ги намалува даноците на горивата

Проектил погодил брод во близина на Катар

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море