Утрински Весник
Економија

„Зелени“ кредити од ЕБОР за „Шпаркасе Македонија“

НАЈАВА Седми Erste Investors Breakfast

Лондон, 10 март 2020 (МИА) – Европската банка за обнова и развој и додели два кредити на банката „Шпаркасе Македонија“ наменети за промоција на инвестиции во приватни згради во Северна Македонија, објави порталот „Микрокапитал“.

Поголемата позајмица, во износ од три милиони евра, е наменета за исплата на хипотекарни кредити за идни сопственици на станови, а втората, од два милиони евра, ќе се користи за  финансирање „зелени технологии со високи перформанси во приватни згради, вклучително и во станбени објекти“.

Вториот, „зелен“ кредит, чија цел е да се придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и зголемување на енергетската ефикасност, е обезбеден преку Инструментот за финансирање на зелената економија (ГЕФФ) на ЕБРД.

„Шпаркасе Македонија“ во 2018 година имаше 60.000 клиенти и вкупна вредност од 346 милиони евра. Истата година, банката оствари профит од 155 милиони денари. сп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Работна посета на претставници од Министерството за финансии на САД во Стопанската комора на Северна Македонија

Можност за работа за 200 невработени лица преку мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“

Поевтинуваат бензините и дизелот – 24info.mk