Утрински Весник
Македонија

Здруженитео на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина бара ФЗО да им исплатува по 60.000 денари по тим

Здруженитео на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина бара ФЗО да им исплатува по 60.000 денари по тим

Скопје, 17 март 2020

Почитувани колешки и колеги, доктори по дентална медицина, COVID – 19 , болест предизвикана од новиот корона вирус ( SARS – CoV – 2 ) веќе е реалност во нашата држава и ние како здравствени установи имаме обврска и одговорност да бидеме на првата борбена линија во превенирањето и намалувањето на можноста за ширење на инфекцијата. Ако имаме во обзир во каква регија на човечкото тело се изведуваат терапеутските интервенции во стоматологијата и начинот на ширењето на инфекцијата , како и големиот број на пациенти кои секојдневно циркулираат во нашите амбуланти , точна е констатацијата дека докторите по дентална медицина и здравствениот персонал во нивните ординации се со висок професионален ризик да бидат инфицирани од оваа болест , а исто така и да ја шират на нивните пациенти .

Од тука произлегува императивот дека треба да се превземаат сите можни превентивни мерки за лична заштита и заштита на нашиот персонал , а со тоа и заштита на нашите пациенти, а особено кога е јасно дека системот на дентална медицина мора да функционира и во вакви услови .

На сите приватни здрвствени стоматолошки установи им го препорачуваме следното

1. Редовно да ги следат препораките од страна на Министерството за здравство и институтот за јавно здравје на Македонија , во врска со ширењето на корона вирусот и мерките кои се предлагаат на ниво на држава .

2. Во целост да се спроведуваат , а и да се поострат класичните мерки за спречување на инфекција во стоматолошките ординации . ( стерилизација на инструментите , стерилизација на турбини и насадни инструменти, сисалки за еднократна употрреба за аспирација , дезинфекција на полимеризациони лампи, заштитни ракавици за еднократна употреба при секоја интервенција , а за крвави интервенции стерилни ракавици , маски за еднократна употреба , заштитни наочари и заштитни капи, заштитни униформи , компреси за еднократна употреба , стерилни мантили за еднократна употреба при изведување на хирушки интервенции , секојдневна дезинфекција на подови и зидови на просториите во амбулантите , дезинфекција на целокупната опрема , обавезно вклучување на бактерицидни лампи во просториите по завршување на работата и да останат во текот на ноќта )

3. Дословно да се почитува препораката за редуцирање на бројот на пациентите и да се одложуваат интервенции и услуги кои не се од ургентен карактер . За оние кои треба ургентно да се интервенира да се закажуваат предимно по телефон и да се разредуваат временски така што да се плaнира пациентите да не се затекнуваат во чекалната . После интервенцијата да се направи потребна дезинфекција на апарати и опрема и подовите и површините со кои дошол во контакт пациентот . Да се набават безконтактни топломери и на секој пациент пред да влези во ординација да му се измери телесната температура . При покачена температура и симптоми слични на инфекција си корона вирус , пациентот да се упати во својот дом и да се извести локалниот центар за јавно здравје , чиј телефон треба да биде истакната на јавно место во ординацијата.

4. Со обзир на тоа дека состојбата може да ескалира и епидемијата да добие поголеми размери , предлагаме Министерството за здравство во секоја Општина да одреди доволен број на ПЗУ кои ќе бидат специјално опремени со заштитана опрема и кадровски спремни за да можат да интервенираат кај дијагностицирани болни и пациенти во карантин кои се под надзор, а се сомнителни дека се носители на корона вирусот . Овие ПЗУ треба да поседуваат и опрема која ќе обезбедува интервенција во болниците каде се изолирани пациентите или во нивните домови . За ваквата спремност од пресудна важност е искусен персонал , кој може да направи услуги во нестандардни услови .Докторите и сестрите кои ќе извршуваат ваква мисија треба однапред да се определат . Заштитната опрема , инструментариумот и мобилната опрема за изведување на интервенции надвор од стоматолошките ординации да бидат донирани од ФЗО . Се разбира дека во вакви услови останатите ПЗУ ќе прекинат со прием на пациенти.

5. Редуцираниот број на пациенти , а особено ако состојбата ескалира и со одлука на државните органи биде наложено прекинување на работата на стоматолошките амбуланти , скоро сите ПЗУ ќе се најдат во лоша финансијска состојба . Особено ќе бидат погодени ПЗУ чиј доктори имаат помал број на пациенти , па средствата од фондот по основ на капитација ги водат веднаш во финансијски колапс. Во најтешка состојба пак ќе се најдат ПЗУ надвор од мрежата за кои освен од направената и наплатената услуга од пациентот , не постои друга матерјална подршка.

За надминување на оваа состојба за време на кризниот период , предлагаме ФЗО на сите ПЗУ во мрежата да им исплатува по 60 000 денари по тим . Веруваме дека докторите стоматолози кои по основ на месечна капитација треба да добијат многу повеќе , во вакви околности , за време на кризниот приод ќе покажат солидарност и разбирање со останатите колеги . ПЗУ надвор од мрежата кои ќе престанат со работа поради епидемијата исто така да бидат поддржани со 60 000 денари по тим и тоа од средства што државата ќе ги издвои во фондови за ублажување на штетите од неработење , аналогно на тие во угостителство и туризам . Се разбира дека позитивно ќе влијаат и сите други мерки на ослободување од плаќање на даноци , придонеси , и мораториум на други обврски према државата , банките и јавните претпријатија .

6. Стоматолошката комора да го суспендира процесот на континуирано стручно усовршување за 2020 година и сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови и . Докторите стоматолози да се ослободат од плаќање на членарина , како и од плаќањето за обновување на лиценцата за работа.

Верувам дека имаме доволно знаење , одговорност и спремност да ги извршиме задачите кои ги наложува нашата професија, свесни дека сме изложени на највисокиот степен на ризик и сами да бидеме инфицирани, за да помогнеме на нашите пациенти, максимално да се заштитиме самите себе , а со тоа да спречиме и ширење на епидемијата .

Сите овие предлози ќе бидат доставени и до Министерството за здравство , ФЗО и Стоматолошката Комора . Верувам дека во оваа состојба нема друг интерес освен здравјето на пациентите и здравјето на докторите , а со тоа и здравјето на сите граѓани, па од тука сите ќе бидеме единствени во извршување на задачите .

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРИВАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ СТОМАТЛОШКИ УСТАНОВИ И ПРИВАТНИ ДОКТОРИ ПО ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА, претседател  Др. Жарко Ѓорѓиев

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?