Утрински Весник
Македонија

Здружението на приватни лекари не прифаќа дополнителни трошоци за електронски и временски печат

Здружението на приватни лекари бара мерки за заштита од коронавирусот

Велес, 24 јуни 2020 (МИА) – Здружението на приватни лекари реагира до Фондот за здравствено осигурување поради тоа што матичните доктри кои ги застапува не прифаќаат дополнителни трошоци за електронски и временски печат, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Здружението, д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Потенцира дека тоа е дополнителен трошок за целокупното примарно здравство.

-Тоа значи дека ако докторите кои работат цело време, земат одмор или боледување, ќе немаат учинок, а со тоа ќе земат и помали финансиски средства. Таквиот вид реформи ниту сме ги преговарале, ниту сме ги прифатиле како Здружение на состаноците организирани од Светската здраствена организација, реагира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека Зружението поднело иницијатива до Уставниот суд да се преиспита уставноста на одредбата, каде ќе има награди само за докторите од јавното здравство, а матичните доктори кои се на првата борбена линија со Ковид-19 да бидат изоставени. Додаде дека награди треба да има подеднакво за сите доктори и од јавното и од примарното здравство во земјава. aд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неколку пожари намерно подметнати, ветерот прави дополнителни проблеми, апел од Ангелов – да не се палат стрништа и пасишта

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА: Се очекуваат температури до околу, па и над 40 степени