Утрински Весник
Македонија

Здружението на пензионери Куманово ќе подели вредносни ваучери за членовите со најниска пензија

Здружението на пензионери Куманово ќе подели вредносни ваучери за членовите со најниска пензија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово,  21 мај 2020 (МИА)Кумановското здружение на пензионери од наредниот вторник ќе почне со поделба на вредносни ваучери за членовите кои примаат најниска пензија, соопштија денеска надлежните од здружението. За почеток, ќе бидат поделени 200 ваучери за кумановските пензионери, членови на здружението, кои имаат пензија помала од 11.000 денари.

Идејата е дека пензионерскиот денар треба да оди кај пензионерите или пак девизата. Од вас за вас, за пензионерите. Во тој правец ние од 26 мај почнуваме со поделба на овие ваучери. Сега ќе дадеме 200, а до крајот на годината ќе дадеме уште 100 или 200, зависно колку средства можеме да пренамениме од годишната програма, бидејќи некои активности како што се спортските се откажани поради пандемијата- изјави претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.

За да подигнат ваучер, пензионерите ќе треба да приложат фотокопија од лична карта и чек од последна пензија. Многу важно е, нагласува Јакимовски кога ќе ги подигаат ваучерите, пензионерите да ги почитуваат препораките, да носат маска, ракавици, да држат дистанца пред здружението.

-Активноста  требаше да ја спроведеме пред први мај, меѓутоа поради коронакризата и по препораките на Владата и Министерството за здравство да седиме дома, активноста ја пролонгиравме, изјави Јакимовски.

Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цистерна се преврте на патот Струга – ГП Ќафасан, сообраќајот во прекин

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени

ВМРО-ДПМНЕ: Дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време и дали го резервираа навреме Харис да им пее?