Утрински Весник
Македонија

Здружението „Добредојде Маседониа Велкам Центар“ ќе подели 12.000 маски, проект поддржан од Р. Словачка

Здружението „Добредојде Маседониа Велкам Центар“ ќе подели 12.000 маски, проект поддржан од Р. Словачка

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Здружението „Добредојде Маседониа Велкам Центар“ утре од 9.45 пред „Тинекс“ маркетот во Карпош 3, ќе дели бесплатни маски, во рамките на проектот: „Да се заштитиме од Ковид-19“, поддржан од Амбасадата на Република Словачка во Република Северна Македонија.

На настанот ќе присуствуваат словачкиот амбасадор во земјава, Хенрик Маркуш и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Со проектот е предвидено да бидат дистрибуирани 12.000 платнени маски од домашно производство во четири општини: Карпош, Кисела Вода, Центар и Петровец.

-Целта на овој проект е да се подигне свеста на локалната заедница за почитување на владините мерки за социјална дистанца и здравствена заштита. Поддршка на локалните текстилни компании, да го усогласат своето производство со тековните побарувања на пазарот и да го премостат јазот на солвентност за време на економските рестриктивни мерки. Да се направат заштитните мерки против Ковид-19 подостапни за семејствата со ниски приходи, велат од здружението.ир/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крај за печатите во пасош: ЕУ стартува со дигитална регистрација на патници од трети земји

Трендафилов: Работниците живеат со 24.000 денари, функционерите со 150.000 денари

Жителите на Русиново на стражи пазат да не се разгори пожарот