Утрински Весник
Свет

Здравствен работник од Алјаска имал алергиска реакција на вакцината на „Фајзер“

Здравствен работник од Алјаска имал алергиска реакција на вакцината на „Фајзер“

Во текот на првите денови од употребата на вакцината на „Фајзер“ се забележани неочекувани тешкотии, вклучувајќи дози од вакцината што биле складирани на многу ниски температури, потенцијални предизвици за самата компанија во произвоството на вакцини како и алергиска реакција кај еден здравствен работник.

Здравствениот работник од Алјаска имаше сериозна алергиска реакција откако беше вакциниран со вакцината на „Фајзер“, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на три извори кои се запознати со здравствената состојба на лицето.

Тој имал алергиска реакција, а неговата состојба се стабилизира по хоспитализацијата. Не е познато дали претходно имал слични реакции. Но тоа не е единственото што тргна наопаку.

Најмалку два контејнери со дози на вакцини доставени во Калифорнија требаше да бидат заменети затоа што се чуваа на температура под минус 80 Целзиусови степени, изјави американскиот воен генерал Густав Перна. Вакцината „Фајзер“- „Бајонтек“ треба да се чува на температура од околу минус 70 Целзиусови степени.

Се истражува дека чувањето на вакцините на прениски температури претставува ризик за нивната безбедност и ефикасност, додаде Перна.

„Фајзер“ објави и проблеми во производството на вакцини, изјави американскиот министер за здравство, Алекс Азар.

„Ќе им обезбедиме целосна поддршка преку кој било механизам за да можат да произведуваат вакцини за Американците“, истакна Азар.

Угур Сахин, извршен директор на „Бајонтек, минатата недела рече дека првичната цел за производство на 100 милиони дози вакцини во 2020 година е преполовена претходно оваа година, делумно поради тешкотиите во снабдувањето со суровини. Тој додаде дека проблемот е решен во меѓувреме и дека производството на голема количина вакцини продолжува.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години