Утрински Весник
Македонија

Здравствен дом Тетово доби донација во медицинска опрема

Здравствен дом Тетово доби донација во медицинска опрема

Тетово, 4 јуни 2020 (МИА) Здравствениот дом Тетово доби опрема за здравствени третмани и немедицински материјали за нега на пациенти како донација од ланецот маркети Киппер и хуманитарната асоцијација Дора. Помошта ќе се користи во стоматолошка превентивна служба за деца до 14 години.

-Здравствениот дом Тетово опфаќа уште пет општини и е втор најголем здравствен дом во земјава и затоа е важна ваквата помош со донацијата, рече Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом Тетово.

Јавната здравствена установа доби опрема за здравствени третмани насочени кон унапредување на функциите и услугите што ги нудат овие здравствени установи (2 стерилизатори, 1 стоматолошки компресор, 4 фрижидери и 1 хидрофор) како и основна санитарна и немедицинска опрема за нега на пациенти (вкупен број 1800: ќебиња, ќебиња, навлаки, чаршафи, перници, пешкири, идр.)

Киппер Mаркет изразува најискрена благодарност до сите здравствени работници кои во ова тешко време за сите нас стојат јаки во првата линијата на фронтот против нашиот заеднички и невидлив непријател КОВИД19. Следејќи ги нашите активности што се дел од планот за општествена одговорност на компанијата и во соработка со Хуманитарната Aсоцијација ДОРА, имаме чест и задоволство да го претставиме следниот проект, имено донацијата направена во во Тетово и Гостивар, истакнаа од Киппер маркети.

Вредноста на донацијата е во висина од 230 илјади денари.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Утрово голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино – претреси поради финансиски криминал