Утрински Весник
Македонија

Здравствен дом- Крива Паланка врши само итни прегледи, подготвена е просторија за потребна изолација на пациенти

Здравствен дом- Крива Паланка врши само итни прегледи, подготвена е просторија за потребна изолација на пациенти

Крива Паланка, 18 март 2020 (МИА) – Надлежните од Здравствен дом – Крива Паланка ги преземаат сите неопходни мерки за дезинфекција на објектот и на пациентите кои доаѓаат на прегледи. Оваа здравствена установа врши само итни случаи.

– Сите пациенти кои доаѓаат на неопходни прегледи или итни случаи се примаат само од еден единствен влез, останатите се затворени, а пред влегување во установата најпрвин вршат дезинфекција. Сите вработени работат со заштитни маски и ракавици, а по препорака на општинскиот кризен штаб оспособена е и просторија за евентуално изолирање пациенти. Инаку, надлежен за анкетирање и проверка на пациентите е епеидемиолог од хигиено-епидемиолошката служба, кој воедно и ја следи состојбата на сите пациенти на кои им е препорачано да бидат во самоизолација, информира директорот на Здравствен дом – Крива Паланка.
Докторката специјалист-дерматолог од Здравствениот дом – Крива Паланка, која била присутна на симпозиумот кој го одржа директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје, уште е во самоизолазција и не пројавува симптоми на вирусот.
Бидејќи голем број кривопаланчани се на работа во странство во земјите од Балканот и Европа, дел од кои се земји во висок и среден ризик, општинскиот кризен штаб вчера препорача дека граѓаните што ќе забележат повратници од странство кои не ја почитуваат забраната за 14 дена изолација во домашни услови, веднаш да пријават на телефонскиот број 192 во Министерството за внатрешни работи.ид/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ