Утрински Весник
Македонија

Здравствениот дом во Ростуше доби 60 скафандери и 1.000 маски од компанија од Скудриње

Здравствениот дом во Ростуше доби 60 скафандери и 1.000 маски од компанија од Скудриње

Дебар, 23 април 2020 (МИА) – Здравствениот дом „Д-р Русе Бошковски“ во Ростуше доби заштитни средства. Станува збор за донација од 60 скафандери и 1.000 медицински маски од компанијата „Еуродил холдинг“ од долнореканското село Скудриње.

Донацијата ја прими директорот на Здравствениот дом, Омер Дурмиши, кој се заблагодари на сопственикот на компанијата Ракип Рамаданоски и на менаџерскиот тим. Деновиве Здравствениот дом доби и донација од визери и заштитни маски од директорот за управување со одземен имот Фатон Асани и директорот на SOS Балканмедиа, Сашо Денесовски.

-ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Русе Бошковски“ – Ростуше, уште во рана фаза на појава на коронавирусот во соседната општина Дебар презеде мерки за справување со вирусот. Набавени се маски и ракавици за здравствените работници и здравствените соработници, средства за лична хигиена на персоналот, како и средства за дезинфекција на работните простории, велат од установата.

Додаваат дека со отварањето на карантинот во хотелите во Маврово за наши државјани кои доаѓаат од западноевропските земји, оваа здравствена установата организира дежурства на доктори во хотелите со испомош на доктори од Здравствениот дом Гостивар.

-На располагање е санитетско возило со потребна опрема за пружање прва помош и транспорт за потешко заболени. За карантинот беа набавени допонително скафандери и мантили за дежурните лекари и другиот  медицински персонал, велат од оваа здравствена установа.

Во општина Маврово и Ростуше, иако соседна општина на Дебар, која беше прво жариште на „Ковид-19“ во земјава, досега нема заразени ниту сомнителни случаи. вт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег