Утрински Весник
Економија

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Студија: Вегетаријанците и веганите имаат поголем ризик од мозочен удар

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Во четвртото тримесечје од 2019 година вкупно се откупени и  продадени земјоделски производи во вредност од 7,886 милијарди денари или за 35,3 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 47,1  отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има зголемување за 10,1 процент.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи има кај индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, грозјето, добитокот и млечните производи, а намалување кај житата, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и рибата. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цената на нафтата надмина 90 долари

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска