Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на поголем дел од реките во државата

Зголемен водостојот  на поголем дел од реките во државата

Зголемен е водостојот на поголем дел од реките во државата во однос на вчера, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според пофдатоци од таму, за 18 сантиметри е зголемено нивото на реката Вардар кај Демир Капија, а за 10 сантиметри кај Велес. Исклучок за Вардар е мерното место кај Јегуновце каде за шест сантиметри е намалено нивото во однос на вчера.

За 10 сантиметри е повисок водостојот и на реката Струмица кај Ново Село, за шест сантиметри на Брегалница кај Берово и за пет сантиметри на Пчиња кај Катлановска Бања.

Можете да прочитате

Мицкоски во Кочани ќе означи почеток на изградба на сообраќајни и водоводни проекти

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани