Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Дојранското и Охридското Езеро се повисоки од просекот за март и тоа за 2,88 метри кај Дојранското и за два сантиметра кај Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е за 83 сантиметри пониско од просечното.

Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава со исклучок на Вардар на мерното место кај Скопје. Кај нив воглавно се бележи и намалување на нивото во однос на вчера иако има и реки кај кои има благо зголемување на водостојот во споредба со вчерашниот. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест