Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а кај останатите две природни езера нивото е исто како вчерашното, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Дојранското и Охридското Езеро е повисок од просечниот за март и тоа за 2,83 метри кај Дојранското и за два сантиметра кај Охридското, додека кај Преспанското Езеро е за 85 сантиметри понизок од вообичаениот.

Нивоата на сите реки се пониски од вчерашните со исклчучок на Вардар на мерното место кај Демир Капија и Треска кај Македонски Брод, каде има мало зголемување во однос на вчера. Кај најголем дел од реките водостоите се пониски од просечните за овој месец. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје