Утрински Весник
Македонија

Зголемени количините на вода во акумулациите Липково и Глажња

Зголемени количините на вода во акумулациите Липково и Глажња

Куманово, 9 март 2020 (МИА) – Расте нивото на водата во акумулациите Липково и Глажња, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, информираа денеска надлежните од претпријатието. Последниве врнежи од дожд и континуираното топење на снегот овозможија да се зголеми нивото на водата во браните.

-Во последниот период од еден месец има зголемување на нивото на водата, а последнава недела има зголемување од 1,3 милиони кубни метри вода. Очекуваме и во наредниот период да имаме зголемување,  изјави раководителот на „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски.
Врнежите во липковско од дожд беа поинтензивни во однос на кумановскиот регион, воедно имаше и врнежи од снег, така што во наредниот период се очекува и топење на снегот и дополнително зголемување на количините на вода во двете брани, за дополнителни милион и половина кубни метри вода.

Граѓаните не треба да бидат загрижени за водоснабдувањето смируваат одговорните од кумановската подружница, бидејќи во моментов во браните Липково и Глажња има околу десет милиони кубни метри вода, додека годишната потрошувачка во Куманово се движи од 7,5 до 8 милиони.

Претпријатието почна и со чистење на реката Којнарка во должина од три километри од населбата Средорек до Горно Којнаре.

-Досега исчистени се околу  два километра за десетина дена очекуваме завршување на чистењето, изјави Илиевски.

Средствата се обезбедени од АД Водостопанство, механизацијата е на кумановската подружница.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пред нас нагли временски промени, многу потопло па поголемо освежување

Нестабилно време денеска, стабилизација од среда, за викенд повторно дожд

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје