Утрински Весник
Спорт

Зверев стравува дека повредата е многу сериозна

Александер Зверев во .-порака му посака на Рафаел Надал многу среќа во обидот да освои 14. титула од Ролан Гарос, но призна дека стравува дека неговата повреда која го примора да се повлече од петочното полуфинале против Шпанецот е „многу сериозна“.

Зверев и Надал играа фантастичен тенис, кога во тај-брејкот во вториот сет на „Филип Шартие“, Зверев го повреди скочниот зглоб, и го напушти теренот во солзи во инвалидска количка.

„Моментот беше многу тежок за мене на теренот, секако во фантастичен меч мораше да се случи вакво нешто. Изгледа имам многу сериозна повреда, иако медицинскиот тим уште прави проверки“, изјави Зверев во . објавено на Твитер акаунтот на Ролан Гарос.

Надал, кој го прослави својот 36. роденден на теренот во петокот, сега ќе игра со Норвежанецот Каспер Руд во неделното финале, кога ќе се обиде да стигне до својата 22. гренд слем титула.

„Сакам да му честитам на Рафа. Неверојатно е тоа што е во 14. финале и се надевам дека повторно ќе напише нова страница во тениската историја“, изјави Зверев.

> Зверев стравува дека повредата е многу сериозна <

Можете да прочитате

Препукувања на романскиот и косовскиот премиер за прекинатиот натпревар во Букурешт

Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб

Хамилтон: Колапинто настапува неверојатно, иако немаше можност да се подготвува за Ф1