Утрински Весник
Македонија

За 43 лица во Скопје побарани казни за непочитување на полицискиот час

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против вкупно 43 лица за непочитување на полицискиот час.

– Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации, стои во соопштение на ОЈО.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик“. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЗ: Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација – превентивни тимови ќе вакцинираат и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица и инвалиди

Јанаки кон Богојески: „Освои 159 гласови, за да основаш партија ти требаат 1.000 основачи – самите основачи не го гласаат“

Финансиската полиција влезе во болницата во Прилеп, се истражуваат злоупотреби за местење тендери