Утрински Весник
Македонија

За 24 часа во државава нови 318 лица во изолација и самоизолација

Вкупно 41 лице во самоизолација во беровско
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие на територијата на нашата држава на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Како што соопшти МВР, полицајците во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирале дека во два различни случаја, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.

-По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица, а за останатите лица се изготвени записници. бк/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари