Утрински Весник
Македонија

За 10,56 отсто намален одѕивот до 13 часот во споредба со изборите во 2016 година

За 10,56 отсто намален одѕивот до 13 часот во споредба со изборите во 2016 година

Одѕивот до 13 часот на предвремените парламентарни избори е за 10,56 отсто помал во споредба со парламентарните избори во 2016 година. Денес до 13 часот гласале 432.026 гласачи од вкупно запишаните 1.814.613 гласачи во Избирачкиот список.

Најголем е одѕивот во ИЕ – 3 каде до 13 часот гласале 28,92 отсто од граѓаните, а најмал во ИЕ – 6 каде што на гласање излегле 15,58 отсто од гласачите. Во ИЕ – 1 одѕивот до 13 часот е 27,09, во ИЕ – 2 одѕивот е 21,64 отсто, во ИЕ – 4 на гласање излегле 27,45 отсто од гласачите и во ИЕ – 5 до 13 часот гласале 23,11 отсто од запишаните гласачи.

Најголем одѕив до 13 часот ДИК регистрира во Крива Паланка 41,07 отсто од гласачите.
Одѕивот со 13 часот на парламентарните избори во 2016 година бил 34,37 отсто, гласале 601.230 граѓани од тогаш запишаните 1.784.416 во Избирачкиот список.

Најголем одѕив имало во ИЕ – 4 каде што до 13 часот гласале 39,20 отсто од гласачите, а најмал бил одѕивот во ИЕ – 6 каде што до 13 часот гласале 23,93 отсто од запишаните гласачи. Во ИЕ – 1 одѕивот бил 38,35 отсто, во ИЕ – 2 бил 33,62 отсто, во ИЕ – 3 гласале 38,51 отсто од гласачите и во ИЕ – 5 одѕивот со 13 часот на изборите во 2016 година бил 33,55 отсто.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините