Утрински Весник
Македонија

За шест часа казнети 144 возачи во Чаир

За шест часа казнети 144 возачи во Чаир

Сообраќајната полиција, денеска во периодот од 10 до 16 часот спровела акциска контрола на територија на општина Чаир.

Како што информираат од МВР, при контролата санкционирани биле 144 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 возач, 28 возеле без возачка дозвола, 13 користеле мобилен телефон, петмина возеле со истечена важност на сообраќајната дозвола…

Од ресорното министерство порачуваат дека со засилени акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Четири лица приведени за семејно насилство

Камери на улиците во Велес: Се поставува опрема за проектот „Безбеден град“

ЦУК: Обилни врнежи од дожд, на планините од снег!