Утрински Весник
Македонија

За четворица непочитувачи на полицискиот час во Ресен побарани казни

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што посочија од Основното јавно обвинителство, постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации.

– Јавниот обвинител на Основниот суд Ресен му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност​, наведоа од ОЈО. см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1-ви јули до 31-ви август

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

Јули и август ќе бидат натпросечно топли – Во вторите половини од двата месеца ќе има зголемен ризик од пожари