Утрински Весник
Спорт

За Хамилтон парите не се толку важни

Хамилтон за смртта на Коби: Загубивме еден од најголемите спортисти во историјата

Бракли, 29 април 2020 (МИА) – Луис Хамилтон изјави дека во преговорите со Мерцедес, слободата да се прават „одлични работи“ надвор од Формула 1 е поважно од платата што ќе ја добие.

Шесткратниот светски шампион има договор до крајот на годинава и веќе преговара за продолжување. Во интервју за „Скај Спортс“, тој сподели дека претстојниот договор ќе биде последната фаза од неговата кариера.

– Кога се приклучив на тимот, си отворив можност да правам странични работи, како моето партнерство со Томи Хилфигер. Ако не го разјасневме ова навреме, Томи не би бил дел од нашиот тим и јас не би можел да ги правам одличните работи што ги правам сега. Очигледно се насочувам кон последниот период од мојата кариера, така што природно некој да сака да ги максимизира финансиите, но резултатите се многу поважни. Сè е до патувањето и до крајната цел, а другите работи што ги правите исто така ја дополнуваат сликата, вели тој.

Луис, исто така, ја истакна клучната улога на Тото Волф, кој му дал слобода.

– Мислам дека тој е многу различен од другите менаџери, кои се поправолиниски. Мерцедес стана пофлексибилен и привлечен бренд. Тоа е добро за нас, додаде Британецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига