Утрински Весник
Македонија

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Електронско пријавување за сместување во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово
Dik 300x250 mk

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Министерството за образование и наука информира дека нема да има можност за прифаќање на електронските пријави за сместување во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 кои, согласно Конкурсот, беше утврдено дека треба да се поднесуваат од учениците преку интернет-порталот www.konkursi.mon.gov.mk.

– Известуваме дека за оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување со електронска пријава, потребно е документите да се достават до јавниот ученички дом каде ученикот бара да биде примен, од 4 јули до 15 јули 2020, односно од 10 јули  до 20 јули 2020  во домовите „Искра” во Штип и во скопските „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Св. Наум Охридски” во кои се сместуваат ученици со посебни образовни потреби. Сите други услови од Конкурсот остануваат исти, објави МОН на својата веб-страница. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај

Приведни петмина прилепчани за кражба на огревно дрво

Денес си замина најлошиот градоначалник на Скопје